дома Локално Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница – https://dfl.mzsv.gov.mk/

Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница – https://dfl.mzsv.gov.mk/

 – Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), орган на државната управа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), зачекори во дигиталната ера, со лансирање на официјалниот вебсајт https://dfl.mzsv.gov.mk/.

Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница - https://dfl.mzsv.gov.mk/Како што соопштија од МЗШВ, дигитализацијата ќе овозможи повисоко ниво на напредни и квалитетни лабораториски услуги, со цел обезбедување заштита на здравјето на растенијата, безбедноста на храната и контролата на квалитет на семе преку акредитирани, сигурни и научно засновани лабораториски анализи.

-ДФЛ обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за дијагностицирање и детерминирање штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физички и хемиски својства на производите за заштита на растенијата, резидуи од пестициди во растително производство, анализа на активна супстанца, анализа на семенски и саден материјал, земање примероци од семе и параметри за одредување квалитет на земјоделски производи.

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) е формирана во рамки на МЗШВ, 2005 година, согласно Законот за здравје на растенијата, а има статус на биро – орган во состав на Министерството.

 

ПредходнаЊујорк Тајмс: Такер Карлсон се обидел да го одврати Трамп од војна со Иран
Следна„Парамаунт“ и „Ворнер брос“ ќе ги спојат стрим-услугите по спојувањето на компаниите