дома Македонија Општество Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс...

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска

  Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ на местото на некогашниот нацистички логор во Треблинка во окупирана Полска. 

Како што информира Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7144 македонски Евреи депортирани во логорот на смртта во март 1943 година.

Во македонската делегација предводена од Сиљановска-Давкова се и амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница.

 

ПредходнаМакедонските државјани во Бахреин утре со специјален лет се враќаат во земјава
СледнаТрајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети