дома Македонија Политика Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот...

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска, покрај предизвиците со затворање па отворање на воздушниот простор врз ОАЕ.

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет.

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, наведе Амбасадата.

Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти – Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

OAE повторно го отвора својот воздушен простор по кратка блокада

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

ПредходнаНово рочиште за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
СледнаЈавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство