дома Македонија Предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница, нови правила за...

Предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница, нови правила за угостителите

Во вторник на владина седница ќе биде ставен Предлог-законот за заштита од пушење, а потоа и процесуиран во Собранието.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека сите отворени прашања во врска со законот се затворени и очекува дека со него ќе се намали бројот на пушачи за 45 проценти.

– Немаме некое прашање поврзано со законот коешто не е третирано и ценам дека многу брзо нашата земја ќе биде и препознаена и во Европа. Се надевам дека за две години исто така ќе имаме прес-конференција за намалување на пушачите во државата од 45 проценти да се надеваме дека таргетот ќе се стави под 20 отсто, рече Алиу на прес-конференција.

Со Предлог-законот ќе биде дозволено терасите со две отворени страни во угостителските објекти да бидат простори каде ќе биде дозволено пушење, како и терасите кои имаат отворен кров.

Угостителските објекти ќе имаат обврска да имаат посебен влез за делот каде ќе се пуши со цел да се одделат просторите за пушачи и непушачи.

 

ПредходнаГерасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите
СледнаИм попуштија на кафанџиите: Познато е кога се носи законот за пушење и кои се новите услови за терасите