дома Македонија Филипче: Нема да дозволам разединување на партијата одвнатре

Филипче: Нема да дозволам разединување на партијата одвнатре

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче вели дека нема да дозволи разединување на партијата одвнатре, а дека секое конструктивно мислење ќе го почитува.
           Со секој еден којшто излегува во јавност да плука по оваа партија, да ја ситни, да ја дели, јас нема да го дозволам и апсолутно ќе се спротивставам на тоа. Секако конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите, но, не и на злонамерниците. Мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт, каква е нивната суштина, корумпирана, криминогена и антиевропска. Граѓаните тоа го препознаа, рече Филипче на прес-конференција.

За најавите за формирање нова платформа, Филипче со став дека во позадина стои белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера излезе некоја изјава дека има некаква Платформа од некои луѓе кои не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа, рече Филипче.

ПредходнаХоландската поетеса Анеке Брасинга годинешен добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата
СледнаГрупација за производство на цигари: Не е прифатена ниту една наша забелешка