дома Локално МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на...

МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници

 Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Како што соопштуваат од МВР, контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „Точење алкохол на малолетници”.

ПредходнаПроменливо облачно со повремен дожд
СледнаМицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, имаме резерви гориво за 60 дена, само мазутот за ЕСМ е под знак прашање