дома Македонија Политика Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес на 7 јуни, најави денеска претседателот на партијата Венко Филипче.

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуниЛидерот на опозицијата најави и меѓународен состанок со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишат заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот.

-Утревечер во 19 часот, СДСМ ќе одржи Централен одбор, а на седницата ќе ја презентирам новата предлог Програма на партијата на која ќе работаат членови на Централниот одбор, стручни комисии од различни области и сфери, за граѓаните да знаат какви политики ќе предлагаме во следниот период. Процесот ќе заврши со усвојување на програмата на Конгрес кој ќе се одржи на 7 јуни. На Конгресот ќе му претходи меѓународен состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишеме заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот, најави лидерот на македонската опозиција Филипче.

ПредходнаПотрошувачката на гориво зголемена, Владата на седница ќе разгледува мерки
СледнаОКТА ја намали набавната цена на дизелот, попустот за горивата ќе важи до 6 април