Здруженија за згрижување на животни и активисти преку објави на социјалните мрежи реагираат на разрешувањето на директорката на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“, Радмила Пешева.
– Отстранети се активисти од Управниот одбор. Отстранет е директор, активист. Отстрането е сè што не е подобно и сè кај кое нема да помине наредба на штета на живо битие. Активисти кои изнесоа и вдомија илјадници кучиња во странство, луѓе кои со години превенираа животни да останат на улица, луѓе кои секојдневно работат на терен, спасуваат, лекуваат и носат решенија – се замија во одборите со луѓе кои куче виделе само на улица, дел со анимозитет или страв, а состаноци не одржуваат во Лајка затоа што им пречи мирисот на институцијата што треба да ја водат. велат од „Анима Мунди“.
Ова е уште еден тест за градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по реакцијата на жителите на Ново Лисиче за зонско паркирање.




