дома Македонија Уште еден случај на силување пријавен во полиција, силувачот објавил експлицитни фотографии

Уште еден случај на силување пријавен во полиција, силувачот објавил експлицитни фотографии

Полицијата информира за уште еден случај на силување малолетничка по што силувачот објавил експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Случајот е евидентиран во Гостивар.
Секторот за внатрешни работи од Тетово информира дека приведен е 29-годишниот Т.Б. од гостиварско Здуње. Случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето откако биле објавени фотографии и видеа на социјалните мрежи.
– Тој бил пријавен на 24.04.2026 година од страна на 42-годишен жител од Гостивар, дека пред неколку месеци на подрачје на Гостивар, непознато машко лице со возило „фолксваген џип“, црна боја, ја пресретнало неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила извршило силување врз неа, упатувајќи ѝ закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство, информира СВР Тетово.
Осомничениот е пронајден и извршен е претрес во неговиот дом и уште еден дом на подрачјето на селото Равен, каде приведеното лице престојувало при што биле одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ-стик и други предмети.
Осомничениот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе била поднесена соодветна пријава.

ПредходнаФилипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат
СледнаШест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс