дома Македонија Шест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс

Шест лица завршија во притвор за шверцот и интервенции со лажниот ботокс

Притвор им е определен на шест лица осомничени во шверцот и естетските интервенции со ботокс и филери, а четворица добија куќен притвор. За останатите деветмина се определени мерки на претпазливост.
Информацијата денеска ја сподели Кривичниот суд.
          Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, обвинителството, по сослушување на осомничените, за 2 лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите 9 предлози за притвор, судот уважи 6, а одби 3 и на овие 3 осомничени им определи мерка куќен притвор, информираат од Кривичниот суд.
Во акцијата на полицијата и Обвинителството спроведена во Скопје, Битола и Струмица беа приведени повеќе лица меѓу кои и доктори од Клиниката за дематологија во Скопје и ГОБ „8 Септември“, сопственици на дематолошки ординации и организатори на транспортот, како и еден царински службеник. Пронајдени беа поголема количина на филери, ботокс, девизи, телефони…
Осомничените работеле во две криминални групи и набавувале фалсификувани филери и ботокс од Србија, Кореја и Труција кои потоа ги користеле за естетски интервенции.

ПредходнаУште еден случај на силување пријавен во полиција, силувачот објавил експлицитни фотографии
СледнаГаши поборник за отворени листи