Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува уште денес, а веќе од утре до крајот на неделата следува период на облачно време со повремен локален дожд.
Денес попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната од 20 до 25 степени.
Во Скопје, денес ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.




