дома Македонија Законските измени за двојното државјанство на пратениците пред Законодавно-правната комисија

Законските измени за двојното државјанство на пратениците пред Законодавно-правната комисија

Ззаконските измени со кои се предлага пратениците да имаат само македонско државјанство денеска се на дневен ред на собраниската Законодавно-правна комисија.

Според собранискиот сајт, седницата е закажана во 11:30 часот, а како што може да се види од сајтот, има поднесено повеќе амандмани.

Законските измени се носат по скратена постапка, а беа поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство откако опозициската СДСМ обвини дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши.

Бојан Стојаноски, еден од предлагачите на законските измени, во телевизиско гостување рече дека тоа е стара вест која била актуелна пред пет години кога тогашен министер за одбрана, а сегашен поранешен политичар во Бугарија, набројал неколкумина кои наводно имаат бугарско државјанство.

– Јас лично не демантирав, затоа што сметав дека не треба да се даде внимание на оваа тема, но со колегите разговаравме и одлучивме да ја пресретнеме оваа лага и уште еднаш да покажеме пред јавноста со што се служи СДСМ и на кое ниво е падната таа политичка партија. Затоа го поднесовме овој закон со идентичен текст како пред 5 години, кој тогаш коалицијата СДСМ и ДУИ не го поддржа, изјави Стојаноски.

Свои законски измени поднесе и опозицијата со кои бара двојното државјанство да биде забрането и за претседателот на државата и Владата.

 

 

 

ПредходнаСончево уште денес, од утре повторно дожд
СледнаСкриената цел на американската војна против Иран може да биде Кина