дома Македонија На Правниот факултет трибина за европскиот пат на Северна Македонија

На Правниот факултет трибина за европскиот пат на Северна Македонија

На Правниот факултет во Скопје ќе се одржи трибина посветена на 30 години од европскиот пат на Северна Македонија организирана од Дипломатскиот клуб – Скопје и од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
–  Конференцијата доаѓа во критичен момент за иднината на проширувањето на ЕУ и дава навремена можност не само да се размисли за постигнатиот напредок, туку и да се потврди стратешката посветеност на европската интеграција, велат организаторите.
        Со конференцијата се одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Најавено е присуство и обраќања на министерот за европски прашања Беким Сали и евроамбасадорот Михалис Рокас.

ПредходнаСончево и топло, од утре попладне повторно дожд
СледнаЗелен хуман град бара да се затвори ЗОО