дома Локално Сончево и топло, од утре попладне повторно дожд

Сончево и топло, од утре попладне повторно дожд

   Денес не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Синоптичарите најавуваат слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а дневните ќе достигнат до 27 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од утре попладне повторно следува период на повремени врнежи од дожд. Наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите, според прогнозата, ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула

ПредходнаСАД ќе тестираат модели со вештачка интелигенција од Microsoft, Google и xAI пред да бидат лансирани
СледнаНа Правниот факултет трибина за европскиот пат на Северна Македонија