Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес издаде официјален декрет „со кој се дозволува Русија да одржи воена парада на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај“, објави веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател.

„Земајќи ги предвид бројните барања и од хуманитарни причини наведени во преговорите со американската страна на 8 мај 2026 година, со ова издавам: дозвола за одржување парада во Москва (Руска Федерација) на 9 мај 2026 година“, се наведува во декретот, пренесува УНИАН.
Документот, исто така, јасно ги дефинира временските и просторните граници за парадата: од 10:00 часот наутро по киевско време (иако без да се наведува времето на завршување на парадата) и строго во границите на Црвениот плоштад во Москва.
„Територијата на Црвениот плоштад е исклучена од планот за употреба на украинско оружје“, се вели во декретот, наведувајќи ги точните географски координати на плоштадот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека на негово барање е договорено тридневно примирје од 9 до 11 мај во војната меѓу Русија и Украина.
Според него, примирјето ќе вклучува прекин на сите воени активности, како и размена на 1.000 затвореници од секоја земја.
„Го упатив ова барање директно и многу го ценам договорот на претседателот Владимир Путин и претседателот Володимир Зеленски“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.




