Премиерот Христијан Мицкоски очекува Вишото јавно обвинителство да постапи по жалбата поднесена од ЕСМ во однос на одлуката на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција да ја стопира истрагата за набавката на мазут во ТЕЦ Неготино.
– ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО – Гоок. Очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа што е содржано во жалбата, изјави Мицкоски од Охрид.
Случајот со набавката на мазут повторно ја разбранува јавноста откако Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека ја прекинува истрагата поради немање докази.
Во случајот беа осомничени 13 лица меѓу кои и синот на сопственикот на Пуцко Петрол и поранешниот директор на спортската сала Борис Трајковски и бизнисмен Ратко Капушевски.




