дома Македонија Економија Скопје домаќин на 9. Форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој

Скопје домаќин на 9. Форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој

Скопје денес и утре е домаќин на 9. Форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан. Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, форумот ќе  обедини носители на политики, меѓународни организации, финансиски институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.

Настанот се организира во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и претставува една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.

МЕФ 2026 оваа година има статус на официјален партнерски настан на Претседателството со COP31, со што форумот станува дел од пошироките меѓународни подготовки за претстојниот глобален климатски самит. Заклучоците и препораките од дискусиите во Скопје ќе придонесат кон регионалниот придонес во глобалните разговори за климатска акција, енергетска транзиција, климатска отпорност и одржлив економски развој.

МЕФ 2026 ќе се фокусира на теми поврзани со климатската отпорност, праведната транзиција, регионалната соработка, обновливите извори на енергија, зелените инвестиции, критичните суровини и одржливите синџири на снабдување. Форумот ќе отвори простор за заеднички регионални решенија кои ги поврзуваат климатските цели со економската стабилност, безбедноста и социјалната кохезија.

Најавено е учество на високи домашни и меѓународни претставници, меѓу кои претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, како и извршниот директор на МЕФ и ЗИП Институт, Агим Селами. Специјално обраќање ќе има и Фатма Варанк, извршен директор на COP31 Турција.

ПредходнаФинска тестира сирени и воведува предупредувања за дронови
СледнаНови цени на горивата – Владата очекува поевтинување