Дојава за поставена експлозивна направа била примена на аеродромот во Софија. Активиран е стандардниот оперативен план за вакви кризи. Не е спроведена евакуација на патниците, но аеродромот функционира под засилени мерки за безбедност.
Според информациите на бугарското Министерство за внатрешни работ, во текот на денот пристигнале голем број заканувачки електронски пораки за поставени бомби во различни државни институции во повеќе градови низ земјата.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, а надлежните продолжуваат со интензивна истрага за откривање на изворите на заканите.




