дома Македонија Политика Мицкоски со порака: „Една татковина, една иднина”

Мицкоски со порака: „Една татковина, една иднина”

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи денеска на социјалната мрежа Фејсбук, со порака по прославата за 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа на градскиот стадион во Струмица, под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“.

– Нека се слушне силно од Струмица, од Беласица до Шар Планина, од Охрид до Делчево, од Гевгелија до Куманово!

Една татковина!

Една заедничка иднина!

И нека запомнат сите, народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен. А кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да се иссонува.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!, напиша Мицкоски.

ПредходнаНикој не го прави тоа како Милчо Манчевски
СледнаАрхеолозите пронајдоа поедноставна, постара верзија на Стоунхенџ