Родителите на Кецмановиќ кој на 3 мај 2023 година уби девет ученика и чуварот на училиштето во кое учеше денеска се прогласени за виновни. Таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор, а мајката Мијана Кецмановиќ на две години и 11 месеци.
Обвинителството бараше максимални казни за двајцата родители односно за Владимир Кецмановиќ 14 години и 11 месеци, а за Милјана Кецмановиќ три години затвор.
Одбраната бараше ослободителна пресуда наведувајќи дека не се докажани наводите во обвинителниот акт, односно нема докази за кривичните дела за кои се товарат двајцата родители.




