Топло време со температури и до 38 степени се најавува за денес. Наместа попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со минимална температура до 19 и максимална до 38 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната недела се најавува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.




