Предлог законот за високо образование за кој имаше многу реакции во јавноста денеска ќе се најде пред собраниската Комисија за образование и наука.

Законот е во прво читање и ќе се носи по редовна постапка. Во јавноста постојат спротивставени реакции за него па така додека Министерството за образование и наука тврди дека законските измени се неопходни за надминување на долгогодишниот пад на квалитетот и задржување на студентите, академската заедница и опозицијата изразиуваат сериозна загриженост околу последиците што ќе ги предизвика неговата имплементација.
Според критичарите, со предложените законски решенија се руши автономијата на универзитетите и отвора простор за политичко влијание врз високообразовните институции.




