дома Македонија Општество Спасени тројца планинари на Шар Планина

Спасени тројца планинари на Шар Планина

Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица.

По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.

ПредходнаСвети апостоли Петар и Павле (Петровден)
СледнаУставниот суд со порака до партиите: Нема да подлегнеме на политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација