дома Свет Балкан „Рајанер“ повеќе нема за лета за Ниш

„Рајанер“ повеќе нема за лета за Ниш

Нискобуџетната авиокопанија „Рајанер“ од зимската сезона 2026/2027 година ќе ги суспендира летовите до и од српскиот град Ниш, „поради регулаторни проблеми поврзани со горивото што влијаат на тамошниот аеродром“, јави бизнис-порталот СЕЕ Њуз.

Ирската компанија во текот на целата година лета од нишкиот аеродром „Константин Велики“ до Виена и Малта, а исто така има на сезонски линии до Стокхолм и Крф.

„Рајанер“ информира дека билетите за летови до Виена и Малта нема да бидат достапни на веб-страницата на авиокомпанијата од крајот на октомври, до Стокхолм од крајот на август и до Крф од крајот на септември.

ПредходнаАстрономи следеа процес на „умирање“ на ѕвезда 30 пати поголема од Сонцето
СледнаИранскиот нацрт-план за деблокада на Ормуцкиот Теснец ја поскапе нафтата