дома Македонија ЗНАМ ќе се произнесе за двојното државјанство за функционерите по јавната расправа

ЗНАМ ќе се произнесе за двојното државјанство за функционерите по јавната расправа

Движењето ЗНАМ ќе го изнесе својот став околу двојното државјанство на именуваните функционери откако ќе помине јавната дебата и кога ќе биде подготвен конечниот предлог-текст.
                      Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова прашање и кога ќе се има конечен текст, ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање во јавноста, изјави денеска портпаролот на партијата Никола Мемов.
Откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закони измени со кои бара пратениците да имаат само македонско државјанство, опозициската СДСМ побара истото да важи и за претседателот на државата и за Владата.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека постои правна можност со закон да се воведе ограничување и за претседателот и за министрите.
– Постои можност со закон да се ограничи двојното државјанство и сметам дека тоа треба да се однесува и на претседателот и на министрите, изјави минатата недела Сиљановска-Давкова.

ПредходнаФилипче: Со оваа Влада не очекувајте ништо од евроинтеграцијата
СледнаМуцунски со осуда на вооружениот инцидент вo Вашингтон