Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ денеска го одбележува патрониот празник.
Пред платото на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј ќе биде положено цвеќе по што во Ректоратот на Универзитетот ќе се обрати ректорката Биљана Ангелова и ќе им бидат врачени награди на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2025/26 година.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е најстариот и најголемиот универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денеска има 23 факултети, девет научни институти и осум други институции.
На одбележувањето најавено е присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.




