Опозициската СДСМ денеска со прашање до власта – колку ги чинеше граѓаните прославата во Струмица.
– Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ, велат од СДСМ.
Оттаму обвинуваат дека нема пари за повисоки плати, за субвенции за земјоделците, и за 600 евра минимална плата, за поддршка на младите, но има за тендерите и луксузот на владејачката ВМРО.




