Почнуваат разговорите за најавената владина реконструкција. Од Владата брифираат дека во текот на денешниот и утрешниот ден предвидени се средби со коалициските партнери Влен и Знам.
Од Владата посочуваат дека разговорите се во рана фаза и дека дополнителни детали не се соопштуваат поради тоа што процесот бара сериозен и одговорен пристап.
Премиерот Христијан Мицкоски во изјави дадени претходно рече дека фокусот на реконструкцијата ќе биде пред се на содржината, а не на големината.
На роденденот на партијата во Струмица, Мицкоски испрати порака дека ги следи состојбите и дека нема да толерира привилегии. – На некои функционери фотелјата им станала помила од контактот со народот, рече Мицкоски.




