дома Локално Претпладне доста топло, попладне наместа невреме

Претпладне доста топло, попладне наместа невреме

Претпладне сончево и доста топло, а попладне изолирана појава на дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат синоптичарите за денес.

Управата за хидрометеоролошки работи вели дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.

Во делови од Скопската котлина се најавува краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

ПредходнаБугарско МНР: Не сме дистрибуирале дипломатска нота, информациите се однесуваат на настани што одамна поминале
СледнаФЗОМ ќе презентира кои лекови и терапии биле најкористени за периодот 2023-2025