Врз основа на податоците од минатата година, се очекува дека лицата над 15 години во ЕУ ќе работат во просек 37,5 години, при што најдолг е во Холандија, а најкраток во Романија, додека во Србија очекуваниот работен век е за две години пократок од просекот во ЕУ, објави Евростат.

Во 2024 година, очекуваниот работен век во ЕУ беше 37,2 години, а од 2016 година се зголеми за 2,3 години.
Сепак, разликите меѓу членките на ЕУ се големи и во седум земји очекуваниот работен век е 40 години или повеќе – во Холандија 44 години, Шведска 43,4, Данска 42,6, Естонија 41,5, Ирска 40,7, Германија 40,2 и во Финска 40,1 година.
Од друга страна, во Романија очекуваниот работен век е 32,7 години, во Италија 33 и во Бугарија 34,6 години, објави Европската статистичка служба.
Очекуваниот работен век во Србија е 35,5 години, а во Северна Македонија 31,8 години, додека нема податоци за другите земји од Западен Балкан.
Во ЕУ, очекуваниот работен век за мажите во 2025 година бил во просек 39,5 години, а за жените 35,4 години.
Кај мажите, се очекува Холанѓаните да работат најдолго (45,9 години во просек), а Бугарите најкратко (35,9), додека кај жените се очекува Швеѓанките да работат најдолго (42,3 години), а Италијанките најкратко (28,4).
Бета




