дома Македонија Општините неефикасни – немаат наплатено близу 48 милиони евра од даноци

Општините неефикасни – немаат наплатено близу 48 милиони евра од даноци

Најновиот извештај на Државиот завод за ревизија покажува дека општините не биле ефикасни во наплатата на даноците и таксите. По овој основ, во периодот од 2020 до 2024 година општините генерирале близу 48 милиони евра ненаплатен долг.
Поради застареност на долговите отпишани се долгови од над 3,8 милиони евра.
Ревизорскиот извештај покажува дека ниту една општина не ги наплатила сите даноци и такси односно дека најмногу општините ги наплатуваат комуналните такси за фирма односно назив на деловна просторија, користење на простор пред деловна просторија и користење на плоштади и друг простор, додека останатите даноци и такси се наплатуваат во многу помал процент.
Ревизорите утврдиле дека руралните општини имаат многу поголеми фискални предизвици отоколку урбаните општини.
– Со извршената анализа на податоците за остварените приходи по основ на даноци, такси и надоместоци, утврдвме дека генерално руралните општини со исклучок на Петровец, Илинден и Чучер Сандево се со послаб фикслане капацитет во однос на урабните општини, оценуваат ревизорите.

ПредходнаЕУ подготвува казна за Google
СледнаГи нападнал газдите дека не му исплатиле дневници