Продицентите го објавија трејлерот за документарниот филм за враќањето на сцената на Лиам и Ноел Галагер и нивната турнеја „Live ’25“, насловен „Oasis: Don’t Look Back in Anger“.
Светската премиера на филмот е закажана на Филмскиот фестивал во Венеција. По ова тој ќе биде емитуван во кината и на АЈМАКС низ целиот свет од 11 септември, а потоа и на платформите за стримингж.
Режисери на филмот се Дилан Саутерн и Вил Лавлејс, а сценариото е дело Стивен Најт, креаторот на „Peaky Blinders“. Филмот содржи снимки од сцената, но и зад сцената за време на враќањето на „Оејзис“, 16 години по бурната разделба на браќата Галагер.
Трејлерот не само што спојува слики од преполни стадиони, туку се навраќа и на разделбата на браќата во 2009 година, но на тоа како денес двајцата гледаат на тоа.
Начинот на кој заврши беше неприфатлив. Никогаш не ми се чинеше како што треба, вели Лиам Галагер во трејлерот.
Директен повод за распадот на групата пред нивниот концерт на фестивал во 2009 година, беше уште една расправија меѓу двајцата браќа. Документарецот, според тоа, се чини дека сака да раскаже приказна различна од едноставното враќање на сцената и можноста „Оејзис“ да го промени последното поглавје од својата историја.
Турнејата „Live ’25“ го означи заедничкото враќање на Лиам и Ноел Галагер по повеќе од една деценија поминати во одделни кариери.
За да ги придружува, Галагерови составија постава во која учествуваат поранешни членови на бендот, но и музичари блиски до нив, вклучувајќи ги Џем Арчер, Енди Бел и Пол „Боунхед“ Артурс.
Избраниот наслов очигледно не е слуќаен. „Don’t Look Back in Anger“ една од најпрепознатливите песни на „Оејзис“, но тој го сумира и самиот проект: повторното навраќање на распадот од 2009 година да биде крај на приказната за бендот.

