Леб по цена од 126 денари за килограм се набавувал во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, покажа најновиот ревизорски извештај. Покрај леб, во овој студентски дом се набавувале и душеци вредни над еден милион денари кои никогаш не се употребиле.
Ревизорите утврдиле дека со новиот договор во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм, во период кога пазарната цена била околу 70 денари.
Биле купени и 250 душеци во вредност од 1,174 милиони денари, но со димензии различни од оние во техничката спецификација. За нив немало соодветна документација за прием, а до ревизијата воопшто не биле ставени во употреба.
Од истиот добавувач биле набавени уште 450 душеци, иако, според ревизорите, постојните биле во добра состојба.
Утврдени се и неправилности при набавките на месо, риба и земјоделски производи.

