Единицата за брзо распоредување денеска во Офицерскиот дом во Битола ќе одбележи 25 години од формирањето.
Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема што ја користи Единицата за брзо распоредување.

На настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на Единицата за брзо распоредување Стојанче Николов.

