Италијаците најдобро се снајдоа на денешниот Охридски пливачки матарон што се одржа по 39.пат.
Прв на целта на Кејот Македонија пристигна италијанецот Алесио Окипинти кој патеката долга 25 километри ја преплива за 5 часа, 3 минути и 44 секунди.
Неговиот сонародник Николо Ричарди пристигна втор на целта, а трет 17-годишниот Македонец Петар Цеков кој ја преплива патеката за 5 часа, 07 минути и 26 секунди.
Во женска конкуренција најбрза беше Аргентинката Матје Ален Пука која патеката од Свети Ннаум до пристаништето во Охрид ја преплива за 5 часа, 20 минути и 46 секунди. Таа беше четвртопласирана во генералниот пласман.
Покрај Цеков, боите на Македонија ги бранеа и маратонците Александар Илиевски, Леонид Мишевски и Росана Гошева.
Наградниот фонд на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон е 15.000 долари.

Наградите ги додели претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која е и покровител на манифестацијата.
.

