Сообраќајна несреќа доцна синоќа се случи на булеварот „Асном“ меѓу хотелите „Хилтон“ и „Русија“ во скопската населба Аеродром.
Во сообраќајката учествувале мотоциклист и возило, а според првичните информации има и повредени лица.
На лице место увид изврши полицијата, а беше повикана и Итна медицинска помош.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

