Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца други се повредени попладнево при судир камион и патничко возило на автопатот „Приморје“ во Словенија, помеѓу местата Унeц и Равбаркоманда, близу Постојна.
Според полицијата, како што јави словенечкиот јавен радиодифузен сервис РТВ СЛО, камионот застанал на паркинг место поради дефект, по што патничкото возило, од засега непознати причини, удрил во задниот лев дел од камионската приколка. Несреќета била пријавен во полиција во 16:28 часот.
„Во патничкото возило имало пет лица, за кои се верува дека се државјани на Северна Македонија. Во несреќата загинале три лица, едно повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер, а повредениот возач е однесен во болница со брза помош“, информира РТВ СЛО.
Додека траеше увидот на местото на несреќата на кој присуствуваа јавен обвинител и истражениот судија, автопатот во правец кон Копер беше затворен за сообраќај.
Околностите на несреќата сè уште не се познати, а полицијата соопшти дека ќе објави повеќе информации по завршувањето на првичните истражни дејствија.

