За колку ќе пораснат пензиите ќе се знае на почетокот на септември, но сегашните пресметки на надлежните покажуваат дека порастот би бил за 3 до 3,5 проценти.
Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски вели дека пензиите ќе растат согласно важечкиот закон откако претходно беа линеарно зголемени.
Дали ќе има дополнителни интервенции, согласно политиките и динамиката како ќе се движат одредени параметри во државата одлуките ќе се носат дополнително. Следното е во март 2027 година. Дотогаш мислам дека има време, изјави Велковски за телевизија Сител.
Зголемената пензија, за колку и да биде, пензионерите ќе ја земат во октомври.

