Првиот септемвриски ден носи сончево и топло време со максимална температура од 31 до 37 степени. Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 степен. Наместа се најавува локална нестабилност со пороен дожд и засилен ветер.
За Скопје денеска се најавува сончево време со ветер од променлив правец и со утринска температура до 21 и дневна до 37 степени.
Топлото време продолжува и во следните денови. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

