Општина Аеродром ја продаде парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во близина на спортската сала „Јане Сандански“ во Аеродром.
На јавното наддавање најповолна понуда дала компанијата „Адора“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец која понудила над 66 милиони денари.
Информацијата за БИРН ја потврдил и градоначалникот на Аеродром Дејан Митревски.
На наддавањето учествувала и компанијата „Битем“.
Почетната цена по која општината ја понуди оваа парцела беше 2.032 денари за квадратен метар, а на наддавањето пораснала на 2.844 денари или околу 46 евра по квадрат.
Во моментот течат роковите за жалба, по што ќе треба да се формализира продажбата.

