Македонија ја регистрира седмата жртва од западнонилска треска. Почина пациент кој над 38 дена бил хоспотализиран на Клиниката за инфективни болести.
Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран – преку 38 дена во болницата. Имаме и еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Значи, состојбата на хоспитализација е иста, мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај, информира министерот за здравство Сашо Клековски.
Новите случаи се од Скопје Север, а според изјавата на министерот, веќе е разговарано со градоначалниците да посветат внимание.
По зголемувањето на случаите на западнонилска треска беше прогласена епидемија во неколку скопски општини кои презедоа вонредни прскања против комарци.
Град Скопје за сабота најавува нова авионска дезинсекција против ларви од комарци.

