Сончевото и топло време ќе се задржи до средина на следната работна недела. Синоптичарите за денес најавуваат температури до 37 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а утре умерен до засилен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната од 31 до 37 степени.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

