Функционална демократија не се гради само со демократски избори и со конституирање на институциите, туку со градење на функционални институции, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на настан организиран под нејзино покровителство по повод Денот на независноста.
На панел дискусијата на која присуствуваа поарнешни политичари, пратеници, новинари и јави личности, Сиљановска-Давкова во умерени и мурди лидери во 90-тите години ги вброи Киро Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдураман Алити ……
Асномскиот завет кој вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. По мое мислење, умерените и умни лидери во деведесеттите години биле Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдураман Алити… кои успеаја од тој вртлог на војна со своето знаење и мудрост, но и државничкиот однос на еден умерен начин да исчекорат, и тоа е многу важно. Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија. Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, потенцира Силјановска-Давкова.

