На територија на државата активни се три пожари, а четири се под контрола. До 07:30 часот биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор.
Утринските информации на Центарот за управување со кризи покажуваат дека се уште активни се пожарите меѓу селата Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци во општина Струга, кај селото Белица во општина Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.
Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, кај селото Тајмиште во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и на дива депонија во Делчево.
Активни три пожари, под контрола четири

