Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски излегува од затвор. Пресудите на Основниот кривичен суд и на Апелациониот суд се укинати од страна на Врховниот суд и вратени на повторно одлучување пред првостепениот суд.
На седница одржана на 9 септември уважено е барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено од неговиот адвокат Виктор Цветковски.
Врховниот суд ја укинал пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година и пресудата на Апелациониот суд од 15 мај 2026 година.

