Министерот за европски прашања Беким Сали вели дека политичките партии работат на Изборниот законик, иако беа блокирани преговорите и крајниот рок за него од Реформската агенда помина.
Вие знаете дека тој закон беше едногласно прифатен од повеќе политички фактори кои се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две, не ги поддржаа тие измени. По промената во Министерството за правда веќе има напори за усвојување на тој закон, меѓутоа тоа е во фаза на преговори сè уште, изјави Сали.
Сали тврди дека се работи и на Кривичниот законик, за кој крајниот рок е декември оваа година и кој се бара во сите извештаи на ЕУ, посочувајќи дека новиот министер за правда е посветен на ова прашање.
Новиот министер е посветен и на Кривичниот законик, така што сметам дека тоа се закони коишто бараат поширок консензус и поддршка од повеќе нивоа. Министерот работи и се надевам дека ќе успее да се реализира крајната цел, подвлече Сали.

