Клиниката за гинекологија во Скопје ги отфрли обвинувањата од бремената медицинска сестра која на социјалните мрежи ја обелодени голготата низ која поминала по здравствените лавиринти по што го загубила плодот.
Постапено е по протокол, велат од Клиниката за гинекологија.
Во врска со последните пишувања во јавноста од страна на наша пациентка, а со цел изнесување на вистината, ја информираме сета јавност дека ЈЗУ У ГАК ги отфрла сите обвинувања од страна на пациентката. Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.). И покрај сета пружена грижа, пациентката ја напуштила клиниката на свое барање, велат денес од ГАК.
Љубица Шавреска вчера ја опиша голготата низ која поминала Од Охрид до Скопје посочувајќи дека не бара одговорност од конкретен доктор, туку функционален здравствен систем.

