Тендерот за изградба на системот за брз автобуски превоз -БРТ ќе биде објавен следните денови. Ако се иде според планираното, изградбата би почнала кон крајот на следната пролет.
Во текот на наредните денови, некој ден ќе биде објавена тендерската постапка, изјави Ѓорѓиевски за емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Ѓорѓиевски рече дека постапката за проектирање и изведба е подготвена и се спроведува во согласност со европските регулативи, во координација со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Ѓорѓиевски очекува со БРТ, новите автобуси и градскиот воз, Скопје да добие три сериозни алтернативи за оние граѓани кои сакаат да го остават автомобилот.
Ако ги врземе градскиот воз, новите автобуси и БРТ-то, мислам дека Скопјани ќе имаат три сериозно добри алтернативи надвор од својот автомобил за користење, рече Ѓорѓиевски.
Една од главните предности на БРТ, според Ѓорѓиевски, ќе биде фреквенцијата на автобусите односно времето на чекање би било под шест минути.
И веројатно ќе биде се тоа така и со возот и со БТР и со автобусите кои треба да пристигнат, само што останува отворено прашањето КОГА, кога граѓаните ќе го практикуваат или и реализирањето а не ветувањето, ќе го чекаат како и автобусите ,само сега не на плус 40 степени туку на минусни температури?

