Министерството за внатрешни работи излезе со статистички податоци за казнети возачи на велосипеди, мопери и мотоцикли. Во август регистрирани се 1.875 прекршок и поднесени се 116 кривични пријави.
Најголем број прекршоци се на подрачјето на СВР Скопје – 503, потоа следува СВР Битола – 230, СВР Струмица – 216, СВР Охрид – 179, СВР Тетово – 178, СВР Штип – 169, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 147, СВР Велес – 128 и СВР Куманово – 125.
Најголем дел, односно 1.563, се однесуваат на неносење кацига за време на возењето.
Против 116 возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 97 мотори.
Во текот на контролите констатирани се и 3.259 прекршоци од друг вид.

