Сончево уште денес, веќе од утре промена на времето со дожд и засилен ветер. Од вторник се очекува и заладување со пад на температурата.
За денес синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а веќе од вторник се очекува стабилизирање на времето, но поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.

